Солскјер и Гвардиола – втор дел: Останаа сами на теренот на „Итихад“… 🎥

Манчестер јунајтед славеше со 2-0 против градскиот ривал Манчестер сити и така ја запре одличната серија на екипата на Пеп Гвардиола.

Во текот на натпреварот Пеп и Оле Гунар Солскјер имаа вербална пресметка откако „граѓаните“ не им вратија една топка на „црвените ѓаволи“.

Дека тоа беше во жар на борбата и само моментална искра покажува и деталот од крајот на натпреварот, кога Гвардиола и Солскјер останаа сами на теренот.

Двајцата тренери разговараа како најдобри пријатели, а некој од трибините успеа да ја сними таа сцена.