Солскјер имаше што да каже за трансферот на Кавани!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед во последниот ден од преодниот рок донесе неколку засилувања, меѓу кои беше и искусниот напаѓач Едисон Кавани, кој треба да биде големо засилување за тимот, иако има 33 години.

Тренерот Оле Гунар Солскјер кажа свое мислење за трансферот на напаѓачот, од кој се очекуваат многу голови сезонава.

„Едисон е искусен професионалец кој секогаш го давал максимумот за својот тим. Со неговите голови и рекорди за клубовите и репрезентацијата покажа дека е голем играч, среќни сме што ќе имаме напаѓач од негов калибар. Тој ќе ни донесе многу енергија, сила и искуство од кое ќе може да учат помладите фудбалери“, кажа Солскјер.