Солскјер не е Мурињо: Норвежанецот се откажа од намерата да го донесе скапиот стопер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во претходниот период долго време се поврзуваше со ангажман на стоперот на Наполи, Калиду Кулибали.

„Ѓаволите“ дури и се обидоа да го донесат одличниот фудбалер во своите редови, меѓутоа Аурелио Де Лаурентис не сакаше ни да чуе за продажба на фудбалерот под 100 милиони евра.

Сега кога неговата цена падна, и кога Де Лаурентис е подготвен да го продаде играчот, Манчестер Јунјатед го откажа интересот за него. Наводно Солскјер бил задоволен со опциите кои ги има во дефанзивата и не планира да троши големи пари овој преоден рок за оваа позиција.

Се верува дека е можно Крис Смолинг да не биде продаден и да остане во клубот следната сезона.