Солскјер за иднината на својот фудбалер: Тој сигурно ќе биде прв голман во Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер изјави дека Дин Хендерсон докажал дека може да биде прв избор за голманската позиција во Манчестер Јунајтед и Англија.

Се очекува Манчестер Јунајтед да му дозволи на играчот да ја доврши сезоната во Шефилд Јунајтед, а потоа веројатно ќе му дозволи да направи уште една позајмица, а веќе од следната сезона ќе биде прв избор на голманската позиција во Јунајтед.

„Дин донесе многу одлични одлуки изминативе години и напредуваше фантастично. Разгледуваме каде би било најдобро да игра следната сезона, но каде ќе игра се уште не е одлучено. Оваа сезона докажа и покажа  дека доби дополнително искуство, си направи услуга со своите настапи и докажа дека ќе биде идна единица на Англија и „единица“ на Манчестер Јунајтед одреден период“ –изјави Солскјер.