Сопругата му ги расипа плановите: Катаи избркан од Лос Анџелес Галакси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Александар Катаи остана без клуб поради коментарите на неговата сопруга поврзани со демонстрациите во САД кои настанаа по убиството на Џорџ Флојд.

Катаи се извини поради навредливите коментари на неговата сопруга, истакна дека не ги дели нејзините ставови и ги оцени како неприфатливи.

Сепак, од Галакси не го зедоа предвид извинувањето од Катаи и го санкционираа со најтешката казна, отказ од клубот.

„Лос Анџелес Галакси и Александар Катаи спогодбено го раскинаа договорот“ –кратко стоеше во соопштението од Галакси.

Српскиот напаѓач по неговиот трансфер во Лос Анџелес одигра само два натпревари за Галакси, а сега ќе мора да бара нова средина. Поради тоа што гневот на јавноста во САД е против српскиот пар, голема е веројатноста тој да се врати во Европа.