Сопругата на Икарди откри кои клубови испратија понуда!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, во овие денови се наоѓа во центарот на италијанските медиуми бидејќи се наоѓа на излезните врати од својот клуб.

Веќе неколку дена се шпекулира за тоа каде Икарди ќе ја продолжи својата кариера, а се укажува на тоа дека ќе го напушти Интер.

Иако челниците на оваа екипа демантираа дека Икарди ќе замине се чини дека работите се нешто подруги.

Неговата подруга, Ванда Нара, денеска повторно се огласи во италијанските медиуми, и потврди дека нејзиниот сопруг доби две понуди:

„Желба му е да игра во Лигата на шампионите, а тоа со Интер не го може во оваа сезона. Тој има одличен однос  со Интер, но мора и него да го разберат. Јас лично знам дека тој доби понуда од Наполи и Јувентус. Исто така, неговиот агент објави објави некои разговори со челниците на Атлетико Мадрид. Јас сум сигурна дека во оваа година ја менуваме дестинацијата“, рече Ванда.