Сопругата на Силва побара отказ за Покетино


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси има уште една ужасна сезона во Премиерлигата и повеќе личи на просечен премиерлигаш, отколку на гигант кој треба да се бори за титули.

Тренерот Маурицио Покетино има лоши резултати, а последниот пораз на „Стемфорд бриџ“ од Вулвс (2-4) ги налути навивачите кои побараа отказ за стратегот.

На социјалните мрежи се јави и сопругата на Тиаго Силва, која побара промени во лондонскиот гигант.

„Време е за промена. Ако чекате подолго, ќе биде доцна“, објави Бел Силва.