Состојбата во Мадрид е алармантна: Зидан ги собрал фудбалерите – „грмело“ во соблекувалната!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид запиша неочекуван поразо од 0-1 од Кадиз на домашен терен и тоа ја здрма соблекувалната на шампионот. Иако тренерот Зинедин Зидан ја смируваше ситуацијата, сепак шпанска „Марка“ открива детали.

Ситуацијата во Мадрид е алармантна. Зидан и играчите имале состанок пред вчерашниот тренинг. Сите се критикувале самите себе и не барале никакво оправдување. Се апелирало на борбеност, а најмногу се зборувало за мечот против Кадиз и лошиот настап.

Шпанскиот медиум пишува дека капитенот Серхио Рамос, како и Лука Модриќ и Тони Крос им одржале лекции на останатите фудбалери за тоа какви треба да бидат на теренот. Тие инситирале дека треба да има заедништво во екипата и заедно ќе ја надминат кризата.