Совети за обложување: Надежите до 19 години мора да ја совладаат Унгарија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Kladenje.mk ви ги нуди следниве бесплатни типови.

Македонија у19- Унгарија у19: -1 (победа на домаќинот)

По разочарувачкиот пораз од репрезентацијата на Летонија, доколку Македонија сака да го продолжи сонот за пласман на големо натпреварување мора да слави против незгодната Унгарија. Избраниците на Вујадин Станојковиќ предводени од Елмас, Чурлинов и Митровски имаат капацитет да се носат и со поголеми репрезентации, па со малку среќа би требало да го добијат овој натпревар.

Бари- Бреша: – 1 (победа на домаќинот)

Бари е претендент за пласман во Серија А, но со трите нерешени натпревари по ред се оддалечи од втората позиција која води директно во повисок ранг на натпреварување и е се поблиску до позициите кои не водат ни до разигрувањето. Противник им е тимот на Бреша кој до крај грчевито ќе се бори за опстанок, но бодовите ќе треба да ги бара на друго место.

Шведска- Чиле: -ГГ3+ (двата тима ќе постигнат гол и на натпреварот ќе има најмалку три погодоци)

Репрезентацијата на Шведска ги има завршните подготовки пред Мундијалот во Русија, додека за Чиле ова претставува вртење нов лист во репрезентацијата откако не успеаја да обезбедат учество на Светското првенство. На „Френдс Арената“ во Стокхолм се очекува отворен натпревар со многу погодоци.

Реус Депортиу- Алмериа: – Х (натпреварот ќе заврши нерешено)

И двата тима до крајот ќе се борат за опстанок во Втората шпанска лига, а овој натпревар може да значи дека доколку некој од тимовите победи може значително да се доближи до обзебедување на второлигашки статус и следната година. Сигурно е дека и двајцата тренери во натпреварот ќе влезат доста претпазливо, па за очекување е овој натпревар да заврши без победник.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk