Спалети: Ако се виновни Тонали и Заниоло, ќе си платат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лучано Спалети остана без Сандро Тонали и Николо Заниоло, кои се обвинети за обложување, па ќе мора без нив да настапи на следните натпревари на Италија.

Тонали и Заниоло беа повлечени од репрезентацијата по скандалот кој ги стресе Апенините.

„Тоа беше вистинска одлука. Не можевме да земеме двајца шокирани фудбалери со нас. Ако се случиле некои работи и тие се виновни, ќе си платат“, кажа селекторот на Италија.

Италија в сабота на 14 октомври игра против Малта, а потоа ќе гостува кај Англија во Лондон.