Спалети: Не сме арогантни, шансите се 50-50!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи е на добар пат да го освои Скудетото во Серија А, но калчолигашот игра добро и во Лигата на шампиони (ЛШ), а синоќа славеше против Ајнтрахт Франкфурт со 2-0.

Тренерот Лучано Спалети вели дека уште ништо не е готово, иако со добар резултат ќе влезат во реваншот од осминафиналето во ЛШ.

„Мислам дека шансите се 50-50 бидејќи детали може да го решат мечот. Мора да влеземе сериозни во реваншот за да избегнеме проблеми. Покажавме дека заслужуваме да бидеме тука, но не смееме да бидеме арогантни“, кажа Спалети.