Шпанците разочарани го напуштија Максимир: Само еден фудбалер им честиташе на Хрватите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентативците на Шпанија останаа разочарани после поразот од Хрватсна на Максимир (3-2).

Тие веднаш после мечот го напуштија тереонт, а според тврдењата на хрватските фудбалери, честитки воопшто немало.

Дејан Ловрен тврди дека само еден играч на Шпанија им ја честитал победата, а тоа бил напаѓачот на Челси, Алваро Мората.

„Само еден играч ни честиташе – Алваро Мората. За останатите немам баш некои позитивни зборови“, рече Ловрен по завршувањето на натпреварот.

Репрезентацијата на Шпанија го завшри учеството во Лигата на нациите, а за останување на првото место во групата ќе им биде потребен реми помеѓу Англија и Хрватска во последниот меч во оваа група.

Црвената фурија игра во недела пријателски меч против селекцијата на БиХ.