Спас на сезоната за Милан е само – казната на Јувентус!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан синоќа испадна од полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а не е во добра позиција ниту во Серија А, па така најверојатно идната сезона нема да игра во елитното натпреварување.

„Росонерите“ беа немоќни против градскиот ривал и така ја прокоцкаа можеби и последната шанса за пласман во ЛШ, а сега до крајот на сезоната треба да игра против Сампдорија, Верона и Јувентус, но ниту три победи не се гаранција за пласман во топ-4.

Единствена шанса за спас на сезоната за Милан е казната на Јувентус од 15 бодови, кои им беа одземени, па потоа вратени со што „Старата дама“ се врати во топ-4.