Спектакуларно враќање на Апенините? Тевез стигнува во еден од најдобрите клубови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполитанците останаа без Гонзало Игуаин, а веќе тргнаа во контранапад. Под Везув многу сакаа да го видат Карлос Тевез, поранешниот напаѓач на Јувентус.

Сега е повторно се актуелизира неговото враќање на Апенините, но се чини не во Неапол.

Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека сега Интер е фаворит за негово доведување.

Главен адут на Нероаѕурите може да биде менаџерот кој го застапува Жоао Марио, чиј трансфер во редовите е пред сама реализација.

Овој Иранец соработува со новите сопственици  на Интер, но проблем може да биде исклучително високите примања на Тевез (седум милиони годишно).