Спортинг Лисабон му нуди нов договор со поголема плата на Ристовски

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ги воодушеви Португалците со неговите настапи, па според најавата на „О’Жого“, Спортинг Лисабон планира да му го продолжи договорот и да му ја зголеми платата.

Раководството на португалскиот тим планира по празниците да седне на маса со македонскиот фудбалер и да потпише договор до 2024 година, а Ристовски ќе добие и зголемување на платата од 25.000 евра.

Македонскиот фудбалер во Лисабон стигна во 2017 година од Риека, но одлично се покажа многупати, а досега за португалската екипа одигра 62 меча и има шест асистенции.