Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ливерпул синоќа во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите на „Енфилд“ славеше против Порто со 2:0.
Со погодоците на Кеита и Фирмино, Ливерпул осигура убава предност пред реваншот, а Мохамед Салах не успеа да се запише во листата на стрелците иако имаше една стопроцентна шанса.
Ливерпул во петокот во рамки на Премиер лигата стигна до победа на гостувањето кај екипата на Саутемптон од 3:1, а Египќанецот во тој меч во 80. минута успеа да постигне погодок и така да ја прекине црната низа од осум натпревари без постигнат погодок.
Сепак, се чини дека ниту тоа не им се допадна на сите, па така откако Салах постигна погодок, на социјалната мрежа Твитер се појави коментар на еден корисник кој напиша дека би го натерал „Салах да јаде сланина“ и јасно го навреди играчот на Ливерпул на верска основа.
Се појави исто така уште една фотографија на која Салах има градник со експлозив, а неколку твита алудираа на терористичката група ИСИЛ.
Англија има многу проблеми со навивачите во последно време кои ги навредуваат темните играчи од некои екипи, а сега се појавија и овие пораки кои го навредуваат фудбалерот на „Црвените“ на верска основа.
What we were all expecting when Salah took his shirt off.. #LFC #EFC #Isis pic.twitter.com/LXXv0WXMEP
— Jay Howard (@thejayhowardd) April 6, 2019