Србија го доби југословенското дерби и се искачи на европскиот врв!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одбојкарите на Србија се европски шампиони, откако успеаа во големото финале во Париз да ја совладаат Словенија со 3-1 во сетови, односно 19-25, 25-16, 25-18 и 25-19.

Србите по третпат во историјата се искачуваат на европскиот врв, откако претходно такво нешто им успеа во 2001 и 2011 година.

Интересно е тоа што ова е вторпат во историјата и одбојкарите и одбојкарките на Србија да бидат европски шампиони. Тоа претходно се случи пред осум години.

Словенците беа мотивирани на самиот старт и го добија првиот сет, по што многумина помислија дека ова нема да биде долга борба, сепак Србите им покажаа дека не треба никој да ги отпишува толку рано, па успеаа со пресврт да славаат со 3-1 во сетови.