Србинот Костиќ е МВП на сезоната во Лига Европа!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Српскиот репрезентативец Филип Костиќ имаше неверојатна сезона со Ајнтрахт Франкфурт и ја освои титулата во Лига Европа, а тоа му ја донесе наградата и за МВП.

Костиќ блесна во дресот на Ајнтрахт и му помогна на германскиот тим да освои титула по 42 години, и тоа уште од освојувањето на Купот на УЕФА во 1980 година.

Србинот оваа сезона постигна три гола, а имаше и шест асистенции меѓу кои и во финалето за израмнување на 1-1.