Среќата не може да се опише со зборови: Ѓоковиќ изненади детенце и го воодушеви светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ е најдобар тенисер во светот, па е популарен кај сите генерации, а посебно големо внимание привлекува во Дубаи каде што го игра првиот турнир годинава.

Ѓоковиќ го почна турнирот на најдобар можен начин, и тоа со победа против Лоренцо Мусети во првото коло со 6-3 и 6-3 на големо воодушевување на публиката.

За навивачите во Дубаи, Ѓоковиќ е најголема ѕвезда, па тие го следат насекаде и сакаат да се фотографираат со Србинот и да му земат автограм.

На социјалните мрежи се појави видео на кое јасно може да се забележи зошто Ѓоковиќ е еден од најголемите спортисти во светот.

Едно момче го запозна својот идол, а Ѓоковиќ му подари маичка, па така го воодушеви светот со неговиот потег.