Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот фудбалер Грациано Пеле имаше одличен настап на Европското првенство во Франција, иако промаши пенал во четвртфиналето против Германија.
Генерално гледано, Пеле одигра одличен турнир и неговата цена драстично порасна, па европски гиганти ќе се борат за неговиот потпис.
Како што пренесуваат англиските медиуми предводени од Дејли Мејл Пеле нема да остане во Саутемптон, веќе меѓу два големи европски клубови.
На Стенфорд Бриџ сакаат вистински напаѓач, што Пеле секако е, но проблем е цената од 19 милиони евра.
Сепак, Диего Коста речиси сигурно ќе го напушти клубот, па клупската каса ќе биде полна за реализација на трансферот.
Од друга страна, светскиот гигант Милан сака овој репрезентативец на Италија да го доведе до 14 јули, денот кога е закажан финалниот расплет околу продажбата на клубот на кинеските бизнисмени. Актуелната структура која владее кај Росонерите сака на Кинезите да остави респектабилен состав, поради тоа што Силвио Берлускони ќе остане постојан почесен претседател на клубот.
Првите контакти со Милан се остварени, сега следи само Саутемптон да одлучи која понуда е подобра, дали таа од Сан Сиро или од Стенфорд Бриџ.