Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди во ова лето најверојатно ќе ги напушти редовите на Интер.
Имено, веќе неколку недели се шпекулира за тоа дека Икарди ќе го напушти Интер во ова лето, а интерес за него покажаа Наполи и Арсенал. После што Интер одби неколку понуди, челниците на Наполи денеска испратија уште една понуда.
Наполи по секоја цдена сака да најде замена за Гонзало Игуаин кој замина во Јувентус, а прв на листата на желби е Икарди.
Клубот од Неапол денеска повторно на адреса на Интер испрати понуда за Икарди во вредност од 60 милиони евра.
После овие приказни се огласи денеска и Икарди кој изјави дека не е многу упатен во развојот на ситуацијата.
„Веќе месец дена не сум бил во Милано па така не знаам најдобро што се случува. Слушам дека многу понуди доаѓаат, но навистина не сум во тек. Сепак, сеуште не знам дали во наредната сезона ќе го носам дресот на Интер“, рече Икарди.