Стигна официјална понуда за Златан Ибрахимовиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ судејќи по се ќе ги напушти ЛА Галакси.

На шведскиот напаѓач договорт со тимот од МЛС му истекува во декември, а како што стојат работите, него повеќе нема да го гледаме во дресот на овој тим.

Многу се шпекулира за тоа каде Ибрахимовиќ ќе ја продолжи кариерата.

Кладилниците како најголеми фаворит го гледаат Атлетико Мадрид, а се спомнува и можноста за негов повраток во Италија, каде што го сакаат Интер и Наполи.

Меѓутоа, ниту еден од овие тимови не испрати официјална понуда за Златан, но еден тим го стори тоа. На адресата на агентот Мино Раиола пристигна понуда од австралискиот прволигаш Перт.

Извршниот директор на овој тим Тони Пигнато потврди дека на Златан му е понуден договор.

„Можам да потврдам дека го исконтактиравме неговиот агент. Прашавме дали е заинтересиран за доаѓање овде“, потврди Пигната.

Преговорите се во почетна фаза. Пред Златан е поставена понуда, но сеуште не е познато какви услови му има понудено овој тим.

Австриските медиуми тврдат дека тоа е краткорочен договор на шест натпревари од ноември до јануари, после кој Ибра можно е да потпише за некој европски тим.