Стигна засилување од Апенините - Васкез нов фудбалер на шпанскиот гигант

Раководството на Севиља потврди дека фудбалерот на Палермо, Франк Васкез стигна на медицински прегледи.

Севиља на својот официјален сајт потври дека трансферот на Васкез од Палермо е договорен и дека од потписот го делат само медицинските прегледи.

Овој фудбалер денес ќе ги помине медицинските прегледи, а подоцна ќе биде претставен како нов фудбалер на Севиља. Васкез би требало да потпише договор со андалузискиот клуб до 2020-та година.

Шпанскиот клуб за овој фудбалер плати 15 милиони евра плус 4 милиони бонуси.