Стигнуваат конечно добри вести за Реал: Се враќа клучниот бразилски фудбалер во тимот…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тинејџерот беше една од ретките светли точки кај Мадриѓаните оваа сезона.

Реал Мадрид се уште математички не ја осигура Лигата на шампионите за следнатта сезона, на „Бернабеу“ претстои градското дерби со четвртопласираниот Хетафе што е одлична шанса за тоа бидејќи градскиот ривал е на позицијата 4 со десет бодови помалку на пет натпревари до крајот.

Нема сомнеж дека следните пет кола ќе му послужат на Зидан да заклучи на кого може да смета и следната сезона, некои засилувања чекаат само официјализација.

Она што ги радува Реал е враќањето на Винисијус Жуниор во целиот тренажен процес, Бразилецот може и ќе добие минутажа во претстојното дерби.

За потсетување, тинејџерот се повреди во реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите со холандски Ајакс и од тогаш е надвор од теренот.

Оваа сезона докажа дека претставува иднина на мадридскиот клуб и ја оправда високата сума од 45 милиони евра издвоена за тогашниот 17-годишен фудбалер од Фламенго.