„Страчките“ продолжуваат да се засилуваат, сега купуваат од директните конкуренти!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њукасл Јунајтед со еден „удар“ може добро да се засили, а и значително да ослабне еден од ривалите за пласман во елитата.

Рафа Бенитез продолжува да ги склопува коцките, а сега во клубот според наводите на Скај Спорт стигнува и дефанзивец на Астон Вила Кјаран Кларк.

Репрезентативецот на Ирска имено има откупна клаузула во договорот од само пет милиони фунти, што е за Њукасл ситница.

Кларк целата кариера ја помина во редовите Астон Вила, а потекнува и од нивната фудбалска школа.

Како млад настапуваше и за У18 селекцијата на Англија, но повикот за настап во сениорската репрезентација на Ирска, не можеше да го одбие.

Во 2010 година, официјално го доби првиот повик да заигра во дресот на Ирска, а досега за таа селекција одигра 19 меча, а запиша и два погодоци.

Според наводите на „Скај Спортс“, екипата од Сент Џејмс Парк е заинтересирана и за фудбалерот на Хал Сити, Мохамед Диаме, кој соевремено настапуваше и  за Вест Хем.