Страв и трепет: Јуве ги избра играчите за Лигата на шампионите

Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри избра 24 фудбалери кои се пријавени за настап во овосезонското издание на Лигата на шампионите.

Екипата на Јувентус навистина делува моќно и веројатно ќе биде еден од најголемите кандидати за финале, па можеби и за освојување на овој голем трофеј.

Алегри ги избра следните фудбалери: Буфон, Киелини, Бенатија, Пјаниќ, Кедира, Квадрадо, Маркисио, Игуаин, Ернанес, Алекс Сандро, Барзаљи, Манџукиќ, Лемина, Бонучи, Пјаца, Дибала, Асамоа, Дани Алвеш, Ругани, Нето, Стураро, Аудеро (Б листа), Евра.

Јувентус во групната фаза од ЛШ ќе игра против Лион, Севиља и Динамо.