Стравовладение на Де Лаурентис, со драконски казни до дисциплина


Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко - 17 ден ↓↓↓



Случувањата во Наполи укажуваат на тоа дека и оваа година во Серија А ќе гледаме трка на два тима за Скудеото, но овој пат тоа нема да биде тимот од југот на Италија.

Наполи е во лоша форма, немаат победа пет кола во лигата, а во моментот разликата во бодови е 13 зад Интер и 15 зад Јувентус.

Де Лаурентис недела дена пред интернационалната пауа одлучи целиот тим со тренерите да го изолира во карантин поради лошите резултати, па следеше општа побуна.

Ниту Анчелоти, ниту играчите не се согласиле со оваа одлука, некои од нив и жестоко му дофрлувале на синот на претседателот на клубот.

Сега на ред дошле и казните

Прв ќе „настрада“ Алан кој бил еден од погласните, Бразилецот ќе биде занкциониран со казна од 200.000 евра, што е полумесечна плата на везниот играч.

Ова е воедно и кршење на правилникот кој укажува дека на играч може да му се одземе до 25% од платата, но изгледа дека законот може да го промени претседателот Де Лаурентис