Суарез бил понижен во Барселона: Плачев поради тоа низ што морав да минам


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луиз Суарез ја напушти Барселона по шест години и ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид, а за минатото време на „Камп Ноу“, тој стана легенда на тимот.

Сепак, на крајот на авантурата доживеа понижување. Во Барселона бараа начини како да се ослободат од него, а одличниот напаѓач по мечот меѓу Уругвај и Чиле откри што се случувало.

„Деновите пред дебито за Атлетико Мадрид беа комплицирани. Плачев поради тоа низ што морав да минам. Не ги прифатив добро пораките од клубот. Бараа решение за мене за да го напуштам клубот. Постојат работи кои не беа познати. Тренирав, а на тренинг не играв ни натпревари 11 на 11“, се пожали Суарез, кој кажа и дека очекувал поддршка од Лионел Меси.