Суарез е вишок во Барселона: Го брка пола Европа, каде ќе заврши на крајот?

Каталонскиот медиум „Мундо Депортиво“ објави дека новиот тренер Роналд Куман само неколку дена откако ја презема Барселона работи на реконструкција на тимот.

Искусниот стратег сака да ја подмлади екипата, а прв кој го отпишал бил Луис Суарез. Куман разговарал со него  му кажал дека нема повеќе да смета на неговите услуги.

Одличниот Уругваец шест години мина на „Камп Ноу“ и освои четири титули во Ла Лга, четири шпански Купа, Лига на шампиони, европск Суперкуп и Светско клупско првенство. За Барселона одигра 283 меча и постигна 198 голови и 109 асистенции.

Интерес за неговите услуги покажаа многу екипи од Англија, а заинтересирани се и Милан и Ајакс.