Суарез ги помести сите граници на фер-плеј! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уругвај одигра 1-1 против Чиле, а во центар на внимание беше Луис Суарез, за кого не постои фер-плеј и подготвен е да направи сѐ за победа.

Суарез често знае да троши време, да паѓа без потреба, да провоцира и останато, но сега ги помести сите граници на фер-плејот.

На својот поранешен соиграч, голманот Клаудио Браво, не му дозволи да ја исфрли топката од гол-аут, така што ја соблече копачката и почна да ја мести пред него.

Кога Браво се тргна настрана и се обиде од друго место да изведе гол-аут, Суарез ја фрли копачката пред топката како ништо да не се случило и повторно го блокираше обидот на голманот.

Браво се обиде во шега да му ја турне топката низ нозе, но не успеа во намерата.