Суарез го надмина Роналдо и стана рекордер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Суарез и две недели по неговиот 34. роденден потврди дека годините се сам бројка, како и дека Барселона згреши што минатото лето го пушти да замине.

Неговиот Атлетико Мадрид, лидер во Ла Лига одигра 2-2 против Селта, но Суарез повторно беше одличен.

Со два гола за екипата на Атлетико, Суарез стигна до бројката од 16 погодоци во првите 17 натпревари за Атлетико и така стана фудбалер кој најбрзо постигнал 16 голови во Ла Лига во 21 век.

Суарез го урна рекордот на Кристијано Роналдо, кој во првите 17 натпревари за „кралевите“ во сезоната 2009/10 постигна 15 голови.

Уругваецот стигна до вкупна бројка од 419 голови во 636 настапи во кариерата.