Суарез и Меси ќе играат пак во ист тим, а тоа не се ниту Барселона, ниту ПСЖ!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез има договор со шпанската екипа до следното лето и нема намера да го продолжи, па така ќе заврши со фудбалот во Европа бидејќи сака да се пресели во Интер Мајами.

Во американскиот тим треба да ја дели соблекувалната со својот поранешен соиграч од Барселона и голем пријател, Лионел Меси, кој минатото лето го засили француски ПСЖ.

Шпанските медиуми пишуваат дека Меси ќе замине од ПСЖ кога ќе му заврши соработката во 2023 година и потоа како слободен игра ќе го засили Интер Мајами.

Меси и Суарез во Барселона заедно одиграа 258 натпревари и еден на друг си асистираа за гол дури 99 пати, а очигледно јубилејниот 100. пат ќе го имаат во САД.