„Суарез им ја затвори устата на многумина“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Суарез ја одведе синоќа Барселона до победа против Интер.

Искусниот Уругваец постигна два прекрасни гола во пресврт и победа за својот тим, а после мечот занимлив настап пред новинарот имаше неговиот тимски колега, голманот Марк-Андре тер Штеген.

Германецот го пофали искусниот напаѓач.

„Суарез со овој настап им ја затвори устата на многумина“, рече Тер Штеген и додаде:

„Секогаш е максимално посветен и дава се од себе. Знаеме кој ни игра во нападот, тој секогаш постигнува гол кога најмногу треба“, порача Тер Штеген.

Од друа страна во Интер ниту малку не се задоволни од одлуките на судијата Дамир Скомина и него го обвинуваат за поразот на Ноу Камп.

Нероаѕурите после две кола имаат само еден бод и наредниот меч против Борусија од Дортмунд би можел веќе да им го одреди нивниот пат во ЛШ.