Суарез избра кој е подобар – Мбапе или Халанд!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез со години игра на врвно ниво, а од летово настапува за екипата на Атлетико Мадрид, откако претходно ја напушти Барселона.

Суарез зборуваше и за младите фудбалери кои полека, но сигурно почнаа да го освојуваат светот, па мораше да одговори на прашањето кој е подобар – Мбапе или Халанд.

„Халанд е спектакуларен фудбалер. Има неверојатни физички предиспозиции и сигурно е еден од најдобрите во светот. Мислам дека ќе одбележи една ера во фудбалот. Мбапе или Халанд? Па, малку повеќе сум за Халанд, но и Мбапе е на високо ниво веќе неколку сезони“, вели Суарез.