Суарез ја продолжи црната серија и во Москва!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез не памети кога последен пат постигна гол во Лигата на шампиони на гостински терен.

Суарез во Москва против Локомотива остана без гол во ремито на Атлетико Мадрид (1-1), а тоа му е веќе 23. меч по ред на искусниот напаѓач без гол на гостински терен во натпреварувањето.

Последниот гол го постигна на 16 септември 2015 година, кога постигна гол против Рома, а тогаш го носеше дресот на Барселона.

Суарез успеа неодамна да постигне гол во Лисабон во поразот од Баерн Минхен, но тоа не се сметаше како гостински терен, туку како неутрален.