Суарез мамел на испитот во Италија – има и снимка како доказ! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луис Суарез минатото лето беше на праг да го засили Јувентус, но не му се исполни желбата откако не го мина успешно тестот по италијански јазик за да добие пасош.

Минатото лето бевме сведоци на многу контроверзи околу овој случај, а сега е објавена и снимка која го прикажува Суарез кој мами на испитот, а приота разговара и се шегува со луѓето кои треба да внимаваат на него.

Суарез го положи испитот по италијански јазик, иако новинарите кои го чекаа пред факултетот открија дека тој не знае ниту два збора на италијански, а веднаш потоа почна и полициска истрага.

Полицијата му го поништи испитот и така му пропадна трансферот во Јувентус, кој потоа го ангажираше Алваро Мората од Атлетико Мадрид, а Уругваецот се пресели во тимот на Диего Симеоне.

Видеото може да се погледне на следниот ЛИНК.