Суарез му се приклучи на Меси во Интер Мајами


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уругвајскиот напаѓача Луис Суарез потпиша договор со Интер Мајами, а тоа го потврди и клубот од американската МЛС-лига.

Суарез во Мајами повторно ќе соработува со соиграчите од Барселона, а тоа се Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

„Среќен сум и возбуден што добив нов предизвик со Интер. Едвај го чекам почетокот на сезоната, подготвен сум напорно да работам за да го остварам сонот за освојување на титулата“, кажа Суарез.

Суарез во текот на кариерата играше за Ајакс, Гронинген, Ливерпул, Национал и Атлетико Мадрид, а вкупно постигна повеќе од 500 голови.