Суарез не бил единствен кој имал тајна клаузула со Атлетико Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез минатото лето пристигна во Атлетико Мадрид од Барселона. Тој си замина откако Роналд Куман му кажа дека нема повеќе да смета на него.

Искусниот напаѓач игра во неверојатна форма откако стигна во Мадрид, па за кратко време стана еден од најважните фудбалери на Диего Симеоне.

Суарез има договор до 2022 година, но шпанските медиуми објавија дека има тајна клаузула, односно дека може уште на лето да си замине бесплатно од Атлетико.

Но, тоа не е прв случај во Атлетико Мадрид, зашто таква клаузула имал и Давид Виља во 2013 година, кога од Барселона се пресели во тимот на Симеоне.

Виља тогаш потпиша тригодишен договор и успеа во првата сезона да ја освои Ла Лига и да игра финале во Лигата на шампиони.