Судбината на Навас му припреми изненадување: Од Реал нема поголем клуб, но оваа опција ќе го израдува


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Костариканскиот голман Кејлор Навас ова лето најверојатно ќе ги напушти редовите на Реал Мадрид според најавите на шпанските медиуми.

Според пишувањето на порталот „Дон Балон“, Навас е свесен дека без оглед на тоа што Зинедин Зидан се врати на клупата, наредната сезона нема да биде прв избор на голман и ќе брани само на одредени натпревари.

Поради тоа кај Навас се јави желба за заминување, гореспоменатиот извор пренесува дека би можел да заврши во Јувентус каде што го гледаат како прв потенцијален чувар на мрежата.

Навас на тој начин ќе го замени Шчезни на голот на Старата Дама и покрај тоа што Полјакот позади него има одлична сезона.

Меѓутоа, за Навас и во изминатиов период се шпекулираше дека можно е да замине од Реал и најмногу го поврзуваа со Манчестер Јунајтед. Тој во Реал пристигна во летото во 2014 година после одличното Светско првенство во Бразил, а со клубот освои дури три трофеи во Лигата на Шампионите.