Судија каде ти се очите: Дали Челси беше оштетен против Арсенал? (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За трофејот во ФА-купот се бореа Арсенал и Челси, а на крајот трофејот му припадна на тимот на Микел Артета (2-1).

Главниот судија на мечот не беше најдобар, па навивачите на Челси може да бидат незадоволни и тврдат дека се оштетени неколку пати.

Првиот пат при вториот жолт картон за Ковачиќ додека втората ситуација ќе биде актуелна неколку дена.

На крајот на 80. минута голманот Мартинез фати една долга топка, а на прв поглед се гледаше како да е надвор од казнениот простор. Тоа што дополнително ја комплицира работата е тоа што немаше ВАР-проверка. Доколку беше досудено играње со рака, Мартинез сигурно ќе добиеше директен црвен картон, па мечот ќе беше неизвесен уште 10 минути.