Судија поради навивачите на Партизан го прекина мечот на Ѓоковиќ (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мечот меѓу Новак Ѓоковиќи Денис Шаповалов во рамки на четвртфиналниот дуел меѓу Србија и Канада на АТП-Купот беше прекинат на средината на вториот сет поради однесувањето на српската публика на трибините.

Австралијански „Фокс Спорт“ објави дека судијата Карлос Бернандес морал да го прекине дуелот, зашто навивачите на Партизан биле гласни меѓу сервис и поен.

Шаповалов притоа им се пожали на навивачите, а потоа ги пцуеше, по што доби казна за неспортско однесување. Бернандес го предупреди преку селекторот дека тој е тука да интервенира ако продолжи проблемот, а тоа и се случи.

„Дами и господо, ве молам. Еден момент. Ова е тенис. Најважна работа меѓу сите нас е почитта. Ве молам, почитувајте ги двајцата играчи“, кажа судијата.