Судијата им се извини на Португалците, откако ги ограби на мечот со Србија🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош не може да биде задоволен со ремито против Србија бидејќи во завршницата не им беше признат чист погодок.

Сантош откри дека главниот судија Дани Макели по натпреварот им се извинил затоа што ја прегледал снимката и забележал дека направил огромна грешка.

Проблемот во квалификациите за Светското првенство (СП) е тоа што нема ВАР-технологија, а по мечот судијата им се извини на гостите.

„Судијата Дени Мекели ни се извини по натпреварот. Рече дека му е непријатно. Бев во соблекувалната заедно со него и се извини. На теренот кога заврши натпреварот рече дека ќе ги види снимките, и ако е гол ќе се јави да се извини. Така и беше. Се јави и се извини“, изјави Сантош.