Сурова статистика за домашните екипи во Бундеслигата: Каде е проблемот?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германската Бундес лига е прва од големите лиги што се врати по пандемијата на коронавирус.

Фудбалот во Германија продолжи со сериозни мерки за заштита, но враќањето на врвниот фудбал ги воодушеви апсолутно сите љубители на најважната споредна работа во целиот свет.

За жал, нема да има навивачи на трибините некое време, а се чини дека нивното отсуство им создаде сериозен проблем на домашните екипи, кои навистина ретко победуваат кога ќе се вратат на теренот.

На 22 одиграни натпревари досега, домашните екипи славеа на само три натпревари, а гостите победија на дури 12 натпревари. Вкупно седум од нив завршија нерешено и така може со сигурност да се каже дека домашниот терен без присуство на гледачи не носи никаква предност.

Единствените екипи кои досега забележаа победи на домашен терен се во 26. коло Борусија против Шалке (4:0), а во 27. коло Баерн против Ајнтрахт (5:2) и Херта против градскиот ривал Унион Берлин (4:0).

Денес ќе видиме дали некој од домаќините ќе ги подобри нивните перформанси и дали отсуството на навивачи е навистина проблем за домашната екипа, а пред нас имаме неколку интересни натпревари.

Најинтересен дуел за гледање ќе биде средбата на Ред Бул Лајпциг и Херта Берлин кој започнува од 18:30.