Светот на тенисот во страв: Од Пенг ни трага ни глас, реакција од ВТА и Серена Вилијамс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кинеската тенисерка Шуаи Пенг исчезна откако јавно откри дека ја сил*вал  политичар и поранешен заменик премиер на Кина, Жанг Гаоли.

Пенг, наводно, пред два дена испрати мејл во кој опиша дека е дома и се чувствува безбедно, но многумина се сомневаат во тоа.

„Не можев да прекинам да плачам. Ме донесе во неговата куќа и ме натера да имаме односи. Немам докази и немам како да ги направам. Секогаш се плашев со себе да земам нешто за да го снимам“, напиша Пенг претходно.

Следеше реакција од Серена Вилијамс, која кажа дека е во шок по веста за Пенг и се надева дека кинеската тенисерка ќе биде пронајдена.

Претседателот и извршниот директор на ВТА, Стив Сајмон кажа дека е загрижен и сака да се пронајде Пенг, а притоа најави мерки против Кина и одземање на дозволата за да се организираат турнири.