Тага во Франција: Почина бивш фудбалер на ПСЖ и репрезентативец на Франција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Жордан Дијакисе почина на 24-годишна возраст, а информацијата ја потврди неговиот сегашен клуб А.С. Фуријани Алијани.

Поранешниот фудбалер на ПСЖ ја мина нивната академија, а беше и репрезентативец на Франција во селекцијата до 20 години.

„Момчето кое стигна во академијата на ПСЖ на само 13 години остави убави спомени во срцата на соиграчите и тренерот. Со голема тага може да потврдиме дека денеска почина на 24-годишна возраст. ПСЖ испраќа порака на сочуство до семејството и пријателите“, објави ПСЖ.