Тага во Ресен: Претседателот на РК Преспа почина од Ковид-19


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на РК Преспа, Илче Котевски ја загуби битката за својот живот против коронавирусот на само 40-годишна возраст.

Клубот од Ресен објави дека првиот човек на РК Преспа синоќа го загубил животот во градската болница „8 септември“.

Котески бил примен во градската болница во Скопје, а во претходните денови се бараше за него крвна плазма, но ниту тоа не помогна за жал да се спаси младиот спортист.