Тајните врски на Дилета: Бурни ноќи со Ибрахимовиќ и милијардер или обични лаги?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дилета Леота е една од најзгодните италијански водителки, која има голема популарност кај фановите во Италија, а во претходните месеци се наоѓа во центар на внимание поради тајната врска со Златан Ибрахимовиќ, како и американскиот милијардер и потпретседател на Рома, Рајан Фрајдкин.

Убавата водителка беше во врска со турскиот актер Џан Јаман, но тие се разделија поради љубомората кај нејзиниот избраник, по што почнаа шпекулации за следната нејзина љубов.

Шпекулациите не запираат, а тоа ја изнервира водителката, која го прекина молкот по објавата дека била во хотел со потпретседателот на Рома.

„Секогаш молчев. И можеби згрешив. Всушност се лажев дека порано или подоцна добрите информации ќе бидат главни, а не овие драми. Секој ден ме чекаат фотографери пред домот, се изморив од ова“, вели Дилета.