Тајсон: Ѓоковиќ ми е омилен играч, а тенисот ми го промени животот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите боксери во историјата, Мајк Тајсон кажа дека Србинот Новак Ѓоковиќ е негов омилен тенисер.

Тајсон во една емисија со поранешниот тренер на Патрик Муратоглу кажа дека неговата ќерка игра тенис.

„Цел живот ни се промени поради тенисот. Мислев дека сè е супер затоа што заработуваме многу, но ништо не може да се мери со тоа што мојата ќерка игра тенис. Ја гледам како расте во нешто што никогаш не би станала да не почнеше да игра тенис. Има голема самодоверба, иако има само 12 години“, кажа Тајсон.

Тајсон призна дека Ѓоковиќ имал голема улога во тоа, па затоа му е омилен тенисер.