Талески по победата: Најискусниот го реши натпреварот во наша корист!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Македонија тргна со победа на Европското првенство (ЕП) и тоа против Украина со 26-25, а како најдобар играч на натпреварот беше избран Филип Талески.

Талески постигна четири погодоци, па по мечот зборуваше за импресиите и кажа дека е важно што сме победиле, но дека мора да играме постабилно во следните дуели.

„Имавме контрола над мечот дури 50 минути, но потоа се случи голем пад во играта и моравме да го решаваме резултатот во последните секунди од мечот. Сепак, одговорноста падна на најискусниот ракометар, кој го даде победничкиот погодок. Треба да научиме од овој дуел и не смееме да си дозволиме вакви падови“, кажа Талески.