Тасевски: Јас сум Македонец, не се чувствувам како Бугарин!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски игра во екипата на Славија Софија и на новинарите им кажа дека е Македонец и не се чувствува како Бугарин, иако има државјанство и е венчан со Бугарка.

Тасевски во интервју за медиумите кажа дека никој не може да му го одземе чувството дека е Македонец.

„Јас сум Македонец, не се чувствувам како Бугарин. И тоа никој не може да ми го земе, роден сум таму. Мене ме викаа политичари и ме поканија да помогнам во затоплување на односите, но мене не ме интересира политика. Ваков проблем меѓу народите немаше до пред три-четири години, а сега политичарите направија сериозни проблеми“, вели Тасевски.